Мушмула за здравје
Мушмулата станува погодна за јадење дури кога сосема ќе омекне, т.е. кога внатрешноста ќе стане кафенкаста каша. За да созреат побрзо, скинатите плодови се чуваат во слама во просторија со добра вентилација.

Мушмулата станува погодна за јадење дури кога сосема ќе омекне, т.е. кога внатрешноста ќе стане кафенкаста каша. За да созреат побрзо, скинатите плодови се чуваат во слама во просторија со добра вентилација. За да траат подолго, чувајте ги во фрижидер.Покрај хранливите вредности, бидејќи содржи вода, протеини, јагелхидрати (шеќер во форма на сахароза и глукоза), масти, целулоза, минерали (калиум и калциум), витамин Ц и витамини Б1, Б2, Б3, Б6, ПП, танин, пектин, органски киселини (јаболкова, винска и лимунска) и ароматични материи, мушмулата има и лековити својства.
На организмот делува благопријатно, штити од канцерогени и кардиоваскуларни заболувања, го намалува нивото на холестерол. Делува против воспаленија, а народот ја знае како овошка за подобрување на варењето на храната. Добри се за видот и за работата на бубрезите и црниот дроб, за крвта и против главоболка.Иако е најдобро да се јадат свежи, од нив може да направите и мармалад. Вкусот збогатете им го со цимет, каранфилче, лимон или суво грозје. Колку и да ви се допаѓаат, не претерувајте, тешки се за варење. Поголема количина од ова овошје може да предизвика дијареја.
