Австралија

Судир на хеликоптери, четворица мртви

02.01.2023 14:14

Четири лица загинаа во судир на два хеликоптера во близина на Златниот брег во Квисленд, Австралија. Девет патници, пак, се повредени, од нив тројца се во критична состојба...

Четири лица загинаа во судир на два хеликоптера во близина на Златниот брег во Квисленд, Австралија. Девет патници, пак, се повредени, од нив тројца се во критична состојба.

Австралиското Биро за безбедност на транспортот отвори истрага. Судирот се случил околу 14 часот по локално време, а првичните информации од полицијата во Квисленд се дека до него дошло додека еден од хеликоптерите слетувал, а другиот полетувал.