Вклучен алармот, загадувањето руши рекорди
Загадувањето руши рекорди. ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките ги загрозуваат животите. Вклучен алармот. Зголемен број на повици во итната медицинска помош. На удар не се само хроничните болни, и здрави луѓе бараат совети. Лекарите апелираат-граѓаните што помалку да излегуваат, задолжително да носат маски...

Поради загадениот воздух, на удар не се само хроничните болни. Се почесто и здрави луѓе бараат совети од лекарите затоа што се задушуваат од лошиот амбиентален воздух, велат лекарите. Со симптоми на отежнато дишење се и децата, затоа советот е најмалите да не се изнесуваат кога тешко се дише надвор, а прошетките да се одвиваат на Водно или на повисоки места.
Професорот Чибишев оценува дека зголеменото ниво на штетни честички во воздухот и отровните гасови се исклучително опасни, бидејќи предизвикуваат оштетувања на горните дишни патишта каде што се задржуваат. Со тоа и организмот е помалку отпорен на инфекциите.
Препораката на лекарите е граѓаните да избегнуваат долго време да минуваат надвор, а ако веќе излегуваат – да се носат заштитните маски.
Лекарите препорачуваат и проветрувањето на домовите да биде на неколку часови со провев, но прозорците да не се оставаат долго време отворени.
Анита Димитријевска Велковска
