Скопјани спасот од загадениот воздух го бараат на Водно
Загадениот воздух, причина жителите на Скопје, спас да побараат во повисоките делови од градската околина. Поради големиот број автомобили, полицијата на Водно го регулираше сообраќајот...

Чистиот воздух се чини и годинава остана неостварена желба за скопјани. И во Новата македонската престолнина влезе со висок степен на аерозагадување, задржувајќи се на високите места на листата на светски градови.
Маглата и смогот се задржуваат во котлините, така е и со Скопско поле. На повисоките места е можно полесно да се дише, но каква беше состојбата на Водно?
Падините на Водно преполни на ова второјануарско утро. Загадениот воздух ги натера скопјани спасот да го бараат на оваа планина.
Граѓаните со кои поразговара екипата на Македонската телевизија велат – дојдени се за прошетка и рекреација овде, над маглата и загаденоста. Но за тоа сепак треба да се испланинари до врвот.
Во еден период од денот, сообраќајот кон средно Водно беше регулиран од полициски службеници, поради огромниот интерес меѓу граѓаните да се побегне од загадениот скопски воздух.
Марија Котовска
