Пронајдено телото на женското лице кое се фрли во Вардар кај Велес
На пладне извадено е телото на лицто за кое се верува дека скокнало во реката Вардар во Велес. По три дена претраги него го пронајдоа припадниците на специјалните полициски сили „Тигри“. Телото е предадено на обдукција...

По извршеното препознавање од страна на синот, утврден е идентитет на жената, која денес околу пладне, во 12,20ч. беше извадена од водите на реката Вардар, близу селото Кочилари, велешко. Претходно беше објавено дека нешто по полноќ на 31-ви декември, од Мало мовче во Велес, во реката скокнало лицето М.К. ( 55 год) од селото Сујаклари. Телото беше пронајдено и извадено од страна на Специјалните полициски сили „Тигри“ кои со чамец ја пребаруваа реката. Во предрагата учествуваа и спортски риболовци од здружението „Бабуна “ од Велес.
Потрагата по исчезнатото лице,за кое се верува дека скокнала во реката Вардар, траеше три дена. Таа се одвиваше по бреговите на реката од Велес до Кочилари.
Телото на жената беше пронајдено еден километар пред мостот кај село Кочилари. По барање на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, за да се испитаат причините за смртта.
Петар Печков
