Македонија

Густата магла го наруши авиосообраќајот на скопскиот аеродром

02.01.2023 19:33

Густата магла откажа или одложи полетувања и слетувања на Меѓународниот аеродром во Скопје. Откажано е пристигнувањето на авионот од Истанбул што требаше да слета околу 20 часот, а пренасочен е и летот од Базел...

Густата магла откажа или одложи полетувања и слетувања на Меѓународниот аеродром во Скопје. Откажано е пристигнувањето на авионот од Истанбул што требаше да слета околу 20 часот, а пренасочен е и летот од Базел.

Во ТАВ аеродроми потврдуваат за слетување на авионот во Меминген. Вечерва е откажан и летот од Скопје за Стокхолм, летот кон Болоња ќе доцни 30 минути, пишува на распоредот на компанијата. Полетувањето кон Истанбул вечерва исто така е откажано.

Подолго задржување има и на граничните премини Табановце, Пелинце и Блаце поради несоодветните временски услови.