Европски парламент
ЕП ќе го одземе имунитетот на двајца пратеници вмешани во корупцискиот скандал
02.01.2023 21:32
Европскиот парламент објави во понеделникот дека ја започнал процедурата за укинување на имунитетот на двајца пратеници, по барање на белгиското правосудство коешто го истражува корупцискиот скандал на Европската унија и Катар...

Европскиот парламент објави во понеделникот дека ја започнал процедурата за укинување на имунитетот на двајца пратеници, по барање на белгиското правосудство коешто го истражува корупцискиот скандал на Европската унија и Катар.
Најверојатно станува збор за италијански и белгиски пратеник од редовите на социјалдемократите. Одземањето на имунитетот е на барање на белгиското правосудство, потврди претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.
