Временска прогноза
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност
03.01.2023 08:05
Претпладне по одделни котлини и долж Повардарието со појава на магла или ниска облачност...

Во поголем дел од земјава ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и долж Повардарието со појава на магла или ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северозападен правец што ќе предизвика делумно намалување на маглата.
Минималната температура ќе се движи во интервал од-4 до 3, а максималната од 9 до 17. Во местата со магла температурата ќе се движи од 5 до 7 степени.
Во Скопје во поголем дел од денот ќе има магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.
