Македонија

Нормализиран авиосообраќајот на скопскиот аеродром

03.01.2023 09:35

Изутринава имаше магла во повеќе места во земјата, како и на неколку патни правци. Во Скопје има појава на магла и ниска облачност. Поради намалената видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, на скопскиот аеродром за речиси два дена беа откажани девет лета...

Од Меѓународниот аеродром Скопје и покрај маглата изутрината летнаа шест авиони, дел со мало задоцнување, додека патниците од Истанбул со авионот што требаше да слета во 7 часот и 55 минути пристигнаа со задоцнување.

Изутринава имаше магла во повеќе места во земјата, како и на неколку патни правци. Во Скопје има појава на магла и ниска облачност.

Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец што ќе предизвика делумно намалување на маглата.

Поради намалената видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, на скопскиот аеродром за речиси два дена беа откажани девет лета, а четири пренасочени.