УКРАИНА
Продолжуваат жестоките руски напади врз Украина
03.01.2023 09:45
Русија планира напади со дроновите Шахед со цел да ја исцрпи украинската армија, тврди претседателот Зеленски...

Русија планира напади со дроновите Шахед со цел да ја исцрпи украинската армија, тврди претседателот Зеленски. Во дневната видеопорака тој соопшти дека од почетокот на годината се соборени веќе над 80 дронови над украинска територија, кои руските трупи воглавно ги користат за напади врз енергетската мрежа и други објекти од виталната инфраструктура.
Според извештај на државната руска новинска агенција, над пристаништето во Севастопол се соборени две украински беспилотни летала. Севастопол е главна база на руската Црноморска флота. Тамошното пристаниште во повеќе наврати беше мета на украински напади, последен пат на 30 декември.
