Кина

Расте бројот на заразени од Ковид-19 во Кина

03.01.2023 09:58

Земјите ширум светот почнаа да воведуваат ограничувања за патниците од Кина...

Кинеските власти треба да споделат повеќе информации за инфекцијата со коронавирус, бидејќи бројот на заразени се зголемува, објави Светската здравствена организација.

Многу од строгите ограничувања во земјата се укинати во изминатите неколку недели, а бројот на нови инфекции почна нагло да расте, поради што земјите ширум светот почнаа да воведуваат ограничувања за патниците од Кина. САД, Шпанија, Франција, Јужна Кореја, Индија, Италија, Јапонија и Тајван воведоа тестови за коронавирус за патници од Кина.