ЊУЈОРК

Тинејџер во Њујорк обвинет за обид за убиство

03.01.2023 10:05

Њујорк тајмс цитираше неименуван висок функционер кој рекол дека момчето би можело да се соочи со обвиненија за екстремизам...

На новогодишната ноќ тинејџерот кој нападна тројца полицајци со мачета во близина на Тајмс Сквер во Њујорк е обвинет за обид за убиство и напад со ладно оружје, соопшти њујоршката полиција.

Њујоршките власти не го објавија мотивот за нападот врз полицајците, но Њујорк тајмс цитираше неименуван висок функционер кој рекол дека момчето би можело да се соочи со обвиненија за екстремизам. Повредени се тројца полицајци, од кои еден тешко, а напаѓачот беше застрелан во рамото и однесен во болница.