ЕУ

Одземање имунитет на двајца пратеници во Европскиот парламент

03.01.2023 10:11

Прес-службата на Европскиот парламент не ги објави имињата на двајцата европски пратеници, постапката е на барање на белгиското правосудство...

Европскиот парламент вчера ја почна процедурата за одземање на имунитетот на двајца пратеници кои се под истрага за наводна корупција поврзана со работите на ЕУ и Катар. Прес-службата на Европскиот парламент не ги објави имињата на двајцата европски пратеници, постапката е на барање на белгиското правосудство.

Претходно европратеничката Ева Каили и нејзиното момче беа уапсени под сомнение за тргување со влијание со Катар.