Задолжување

Општинските обврзници чекаат да се усогласат ставовите

03.01.2023 10:42

Во Европа и опкружувањето со искуство, кај нас е стопиран процесот за издавање општински обврзници кои ќе обезбедат пари за инфраструктурни проекти. Што велат експертите, но и граѓаните?

Македонските општини побараа да се задолжат со свеж капитал за да сработат инфраструктурни проекти. Државата го стопираше процесот, ама земјите од опкружувањето се пофалија со резултатите. Според експертите, ова активно задолжување на општините има позитивни, но и негативни импликации од кои стравува државата.

Граѓаните сметаат ако општината се задолжува, барем тоа да биде корисно.

Неопходна е соработка на локалната и централната власт за да се извага задолжувањето на општините.

Засега во државава е стопиран процесот на општинските обврзници како и договорот меѓу локалните и општинските власти.

Елизабета Митреска