Авиосообраќај

Повторно откажани летови на скопскиот аеродром поради временските услови

03.01.2023 11:36

Поради густата магла во изминатите два дена беа откажани или пренасочени 13-тина летови. Голем број патници беа заглавени на скопскиот аеродром, во неизвесност, барајќи алтернативни летови.

Од Меѓународниот аеродром Скопје и покрај маглата изутрината беа реализирани дел од летовите, некои од нив со мало задоцнување. Некои од летовите и денеска беа откажани. За денеска има десетина нови летови што се во неизвесност поради временските услови.

Поради густата магла во изминатите два дена беа откажани или пренасочени 13-тина летови. Голем број патници беа заглавени на скопскиот аеродром, во неизвесност, барајќи алтернативни летови.

И изутринава има магла на повеќе места во земјава и на неколку патни правци. Во Скопје има појава на магла и ниска облачност.

Метеорозите за попладне и кон кајот на денот најавуваат слаб до умерен ветер од северозападен правец, што делумно ќе ја намали маглата.