Филм

„Снежана на крајот умира“, „Кајмак“ и „Од рајот“ во Кинотека

03.01.2023 11:42

„Кајмак“ на Милчо Манчевски и „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески имаа одличен одзив кај публиката, па практично на барање на филмофилите овие два наслови одново се на нашата филмска програма. Кон нив го придружуваме и новиот наслов на секогаш интригантниот автор Срѓан Драгојевиќ, црната комедија „Од рајот“, велат од Кинотеката.

„Снежана на крајот умира“, „Кајмак“ и „Од рајот“ се трите наслови со кои Кинотеката ја започнува филмската програма во 2023 година.

„Кајмак“ на Милчо Манчевски и „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески имаа одличен одзив кај публиката, па практично на барање на филмофилите овие два наслови одново се на нашата филмска програма. Кон нив го придружуваме и новиот наслов на секогаш интригантниот автор Срѓан Драгојевиќ, црната комедија „Од рајот“, велат од Кинотеката.

По овој мини-вовед во кинотечната Нова година, следува Кино утро со филмски наслови наменети за младата публика. Распоредот на проекциите ќе биде следен:

На 4 и 5 јануари од 18 часот ќе се емитува филмот „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески. Тој е дебитантски филм на Кристијан Ристески, а премиера имаше на затворањето на минатогодишното 43-то издание на Фестивалот на филмска камера Браќа Манаки.

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски ќе се емитува на 4, 5, 9, 10 и 11 јануари а проекциите се од 20 часот. А проекциите на филмот „Од рајот“ се предвидени за 9, 10 и 11 јануари од 17 часот.