Ограбена бензиската на Мак Петрол на автопатот Велес - Градско
Повторно е ограбена бензинска станица на Мак Петрол. Овој пат на автопатот Велес - Градско.

Грабежот се случил синоќа околу 22:45 часот. Одземени се 98.000 денари. Според информациите на полицијата, бензиската била ограбена од двајца маскирани разбојници. Влегле со пиштол и заканувајќи му се на вработениот побарале да им го предаде целиот промет. Пред да побегнат, работникот на Мак Петрол го заклучиле во тоалетот. По кратко време тој во велешката полиција пријавил дека маскирани и вооружени разбојници ја ограбиле станица.
Од СВР Велес информираат дека е направен увид и се трага по сторителите. Инаку овој објект беше ограбен и пред една година - тогаш беа одземени 22 000 денари.
Бензинските на Мак Петрол се честа мета на крадците. Пред околу еден месец беше ограбена станицата во центарот на Велес (кај семафорите). Од тука беа одземени 84 000 денари. Двајца маскирани разбојници го сториле грабежот. Со фантомки на главите влегле во објектот и заканувајќи се со нож од вработената ги одзеле парите.
Инаку на крајот од минатата година беше ограбена бензинската станица на „Мак Петрол“ кај Костурница. И овој грабеж се одвивал на идентичен начин.
Дијана Иванова
