МЖСПП
Прекинат праг на алармирање во Битола и Тетово
03.01.2023 11:50
Престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање...

Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 02.01.2023, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Битола и Тетово, информираат од Министерството за животна средина.
Престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, стои во соопштението.
