Радев го врачи мандатот на „Продолжуваме со промената“
Мандатот му е врачен на партискиот кандидат за премиер академик Николај Денков...

Бугарскиот претседател Румен Радев вториот мандат за составување влада и го додели на втората по големина пратеничка група во народното собрание на екс-премиерот Кирил Петков, „Продолжуваме со промената“. Мандатот му е врачен на партискиот кандидат за премиер академик Николај Денков.
„Овој мандат го добивате на првиот работен ден од новата година, кога со надеж и очекување бараме повеќе разум, дијалог и разбирање, за единство околу приоритетите важни за нашата земја. Верувам дека ќе го искористите времето во текот на наредната недела да ја побарате потребната поддршка од другите политички сили, за во рок од 7 дена да се вратите со исполнет мандат и нацрт-состав на министерскиот совет“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев.
„Многу луѓе дури велат дека тоа е невозможно. Сепак, ние сме убедени дека мора да направиме сè што е потребно за да формираме влада. Ни треба влада која ги зближува луѓето и ги решава нивните проблеми. Затоа го сменивме пристапот за подготовка на спроведувањето на овој мандат. Празниците ги искористивме да дефинираме 4 национални цели кои веруваме дека ги обединуваат луѓето и политичките формации“, изјави академик Николај Денков, мандатар за состав на Влада на Бугарија.
Претходно, партијата на екс-премиерот Бојко Борисов, ГЕРБ во коалиција со бугарските социјалисти, го кандидираше Николај Габровски, кој го доби првиот мандат за формирање влада. „За“ него гласаа 113 пратеници, а „против“ беа 125.
Ирина Гелевска
