Сад

Силна бура ја погоди Калифорнија

03.01.2023 12:47

Невремето предизвика излевање на реките, сообраќајот е отежнат, а главните патишта затворени...

Силна бура ја зафати Калифорнија носејќи големи количества дожд и снег, а поради опасност од поплави на жителите од северниот дел од оваа држава им е наредена евакуација. Невремето предизвика излевање на реките, сообраќајот е отежнат, а главните патишта затворени.

Илјадници луѓе се без струја, а десетици беа извлекувани од спасувачките тимови. Погоден беше и Сакраменто. Во поплавите загина едно лице. Бурата се движи кон исток кон Невада и Колорадо.