Србија

Три лица зад решетки поради потонување на сплавот

03.01.2023 12:51

Поради инцидентот уапсени се сопственикот, директорот и управителот под сомнение дека на 31 декември дозволиле да присуствуваат поголем број гости од капацитетот на објектот...

Тројца завршија зад решетки за потонувањето на сплавот „Фристајлер“ на новогодишната ноќ во Белград. Поради инцидентот уапсени се сопственикот, директорот и управителот под сомнение дека на 31 декември дозволиле да присуствуваат поголем број гости од капацитетот на објектот.

Во несреќата гостите беа брзо евакуирани, а неколку луѓе полесно повредени.