Бразил

Легендарниот Пеле ќе биде погребан денеска

03.01.2023 13:21

Ќе биде погребан денеска во кругот на потесното семејство на гробиштата во Сао Паоло...

По целодневна и целоноќна поворка и бдение, бразилската фудбалска легенда Пеле, тргнува на своето последно патување. Ќе биде погребан денеска во кругот на потесното семејство на гробиштата во Сао Паоло.

Илјадници навивачи синоќа на стадионот во Сантос му одадоа последна почит на трикратниот светски шампион кој одигра некои од неговите најдобри натпревари во бразилскиот клуб Сантос.