Висока загаденост во неколку градови во земјава
Според мерните инструменти, индексот на загаденост во главниот град изутрината бил 117. Согласно со податоците од државниот мониторинг на системот за квалитет на амбиенталниот воздух, денес дневните концентрации на ПМ 10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање во Битола и во Тетово...

Мерните станици регистрираа висока загаденост на воздухот во неколку градови во земјава. Повторно измерено големо загадување во Скопје. Според мерните инструменти, индексот на загаденост во главниот град изутрината бил 117.
Согласно со податоците од државниот мониторинг на системот за квалитет на амбиенталниот воздух, денес дневните концентрации на ПМ 10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање во Битола и во Тетово.
Епизодата од два едноподруго дена е прекината и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање.
