Аерозагадување

Тетово ја дочека Новата година со екстремно загаден воздух

03.01.2023 14:04

Тетово ја испрати 2022 и ја дочека Новата година со екстремно загаден воздух. Магливото време дополнително ја зголеми концентрацијата на штетни ПМ десет честички во воздухот, кое Тетово ја испрати 2022 и ја дочека Новата година со екстремно загаден воздух. Магливото време дополнително ја зголеми концентрацијата на штетни ПМ десет честички во воздухот, кое е и за неколку пати поголемо од дозволените граници. Граѓаните со кардиоваскуларни и белодробни заболувања најпогодени…

Тетовци, а особено оние со нарушено здравје, излегуваат од дома само кога е неопходно. Екстремно загадениот воздух велат дополнително ни го нарушува здравјето носиме маски да се заштитиме, но и властите велат, треба да преземат сериозни чекори да го заштити населението, со мерки за намалување на концентрацијата на штетните ПМ честички во воздухот.

Тетово една недела тоне во магла. Температурната инверзија во полошко, со топли и сончеви планини, а ладни и магливо низини, датира речиси половина век со изградбата на Мавровското езеро, а дополнително состојбата е влошена со езерото Козјак.

Големиот број на денови со магла со голема аерозагаденост, сериозно го влошува здравјето на тетовци, велат здравствените работници.

„Ние знаеме дека не постои долен праг на аерозагадување што не предизвика штетно дејство, тоа аерозагадување го имаме во Тетово, се должи на сообраќајот на лежиштата на градежништвото на нехигиената и кога сето тоа заедно со зголемениот број на магливите денови тогаш имаме мултипликацијата негативна врз здравјето на луѓето“, изјави д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија.

Највеќе страдаат лицата со кардиоваскуларни и белодробни заболувања.

„Нема орган кој не е нападнат од овие ПМ 10, а посебно ПМ 2,5 честичките. Најновите студии покажуваа многу интересни податоци, неалкохолно замастување на црниот дроб, потоа дегенеративни промени во мозокот итн.“, додава д-р Давидовски.

Изминатава недела Тетово се гуши во загаден воздух, со концентрација на штетни ПМ честички и до 5 пати поголеми од максималните граници.

 

Зоран Димовски