МВР

Запленета дрога во Скопје

03.01.2023 14:22

Д.Џ.(33) од Скопје е лишен од слобода кај кого била пронајдена и одземена прашкаста материја на Бит Пазар...

Уапсени четири лица во два одделни случаи на заплена на дрога во Скопје информираат од МВР. Д.Џ.(33) од Скопје е лишен од слобода кај кого била пронајдена и одземена прашкаста материја на Бит Пазар.

На подрачјето на Гази Баба пак, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода О.Ѓ.(42), А.Ш.(42) и З.Ш.(45), сите од Велес, кај кои била пронајдена и одземена марихуана.