Аерозагадување: ИЈЗ им порачува на граѓаните во Берово, Гостивар и Тетово да останат дома
Од ИЗЈ предупредуваат дека висиокиот степен на загадување може да влијае на чувствителните групи. Како најчувствителни и под најголем ризик се деца помлади од пет години, граѓаните над 65 годишна возраст, бремените жени, лица со хронични заболувања. Оние со веќе постоечки респираторни проблеми се изложени на особен ризик...

Институтот за јавно здравје со препорака до граѓаните во Берово, Гостивар и Tетово да останат дома поради високиот степен на аерозагадување.
Како „многу лош“ се класифицира воздухот во Струмица, Битола, Кичево поради зголемена концентрација на ПМ-10 честички, а во Ѓорче Петров поради зголемени концентрации на ПМ 2,5 честички.
Од ИЗЈ предупредуваат дека висиокиот степен на загадување може да влијае на чувствителните групи. Како најчувствителни и под најголем ризик се деца помлади од пет години, граѓаните над 65 годишна возраст, бремените жени, лица со хронични заболувања. Оние со веќе постоечки респираторни проблеми се изложени на особен ризик.
За градовите со „лош“ индекс на квалитет на воздух како Скопје, Неготино и Прилеп од ИЈЗ препорачуваат намалување на активноста на отворено, како и да се остане дома.
Повозрасните граѓани треба да го намалат физичкиот напор. Се препорачува носење заштитна маска со докажана ефикасност.
