ТАВ: Видливоста е променлива, можни се промени во распоредот за летање
Густата магла направи сериозни проблеми во авиосообраќајот. Од ТАВ не очекуваат нарушувања, но велат дека видливоста е променлива и затоа е потребно да се следат сите информации за евентуални промени во редовниот распоред...

Густата магла направи сериозни проблеми во авиосообраќајот. Од синоќа во 20 часот до 9 часот денеска, откажани се 10 летови, а три се пренасочени поради намалената видливост.
Оттогаш наваму нема откажувања, велат од ТАВ, од каде што посочуваат дека авиопревозниците во вакви случаи се должни на патниците да им организираат превоз и хотелско сместување.
Од ТАВ не очекуваат нарушувања, но велат дека видливоста е променлива и затоа е потребно да се следат сите информации за евентуални промени во редовниот распоред на летови.
