Експлозија на железничка во Кина

30.04.2014 16:49

Има повредени во експлозијата што се случи изутрината на железничката станица во Урумки, главен град на западната кинеска провинција Џинџијанг, јавува државната кинеска новинска агенција Хсинхуа. Повредените се згрижени во најблиската болница. Засега нема информации што ја предизвикало експлозијата. На некои блогови и на кинеската замнена на  социјалната мрежа Твитер се појавија снимки со крв на патничките куфери и на подот на станицата, кои не можат со сигурност да се потврдат.

Има повредени во експлозијата што се случи изутрината на железничката станица во Урумки, главен град на западната кинеска провинција Џинџијанг, јавува државната кинеска новинска агенција Хсинхуа. Повредените се згрижени во најблиската болница. Засега нема информации што ја предизвикало експлозијата. На некои блогови и на кинеската замнена на  социјалната мрежа Твитер се појавија снимки со крв на патничките куфери и на подот на станицата, кои не можат со сигурност да се потврдат. На друга е снимена помала експлозија во близина на полициски пункт, исто така непотврдена од локалните власти. 

“Полицијата ги евакуираше луѓето од околните места“, јавува Хсинхуа. “Вооружени полицајци се распоредени во областа“, дополнува кинеската Агенција.

Според Ројтерс, експлозијата се случила веднаш по четиридневната посета на претседателот Си Џинпинг на регионот, познат насилствата со години, предизвикани од исламистите и сепаратистите поддржани од муслиманската заедница Ујгур.  

Зоран Богатинов