ЕСМ

Зголемен бројот за субвенционирано снабдување со струја од 1 јануари 2023 преку ЕСМ продажба

03.01.2023 15:07

За снабдување по пониска цена од 1 јануари дополнително се вклучени 65 училишта (сега се вкупно 374), 57 фирми од прехранбената индустрија (сега се вкупно 244) и 6 водостопански претпријатија (сега се вкупно 57)...

ЕСМ Продажба го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со електрична енергија по одлуката на Владата како антикризна мерка, кое почна во декември 2022 г.

За снабдување по пониска цена од 1 јануари дополнително се вклучени 65 училишта (сега се вкупно 374), 57 фирми од прехранбената индустрија (сега се вкупно 244) и 6 водостопански претпријатија (сега се вкупно 57).

Со тоа, вкупниот број на субјекти кои ги снабдува ЕСМ Продажба по оваа владина одлука изнесува 675.

Во нив, потрошувачите од прехранбената индустрија добиваат електрична енергија по 80е/MWh, а училиштата и водостопанствата по 95е/MWh.

До 20 јануари е рокот за пријавување за снабдување од 1 февруари 2023 г, за субјектите кои од различни причини досега не поднеле документи или поднеле некомплетни документи за субвенционирано снабдување, стои во соопштението на ЕСМ.