ИТ индустријата има недостиг од кадар
Информатичарите први доаѓаат до работно место. Кадарот од техничките науки е најбаран во Македонија - тврдат од Комората.

Велат дека се уште недостигаат програмери и инженери. Иако годишно дипломираат илјада студенти, бројката не ги задоволува потребите на домашните и на странските компании кои бараат се поголем број работници од „ИТ“ секторот.
„Нема невработен добар програмер во Република Македонија, сите се вработени, сите имаат добри примања, едни од повисоките, и треба да се фокусираме повеќе на програмата и на практичната работа“, изјави Иво Ивановски – министер за информатичко општество и администрација
Растот на „ИТ“ индустријата е таков што и покрај продукцијата на новата генерација, ние повторно имаме недостиг од кадар“, вели Саша Огненовски – претседател на ИКТ комора
И во Битола ќе се отвори факултет за информатички науки. Скопскиот ФИНКИ засега произведува најмногу кадри. Универзитетот секојдневно го посетуваат странски инвеститори, вели за МТВ деканот Трајанов.
„59, 60 дури 70 насто од компаниите со кои сме разговарале на крај отвориле претставништва. Има компании од Англија, Италија, Ендава, Турција“, вели Димитар Трајанов – декан на ФИНКИ
Бизнис-заедницата и факултетите се обврзаа со договор дека заеднички ќе креираат високо- стручен кадар и ќе ги задржат младите во Македонија.
Викторија Тодоровска
