Јапонија

Јапонија им нуди на семејствата по 7500 долари по дете доколу се иселат од Токио

03.01.2023 18:10

Властите во Јапонија ги засилуваат стимулациите за да ги намамат луѓето во помалите регионални области со мала, главно постара популација...

Јапонската Влада нуди милион јени (7.500 долари) по дете на семејствата што ќе се иселат од главниот град Токио, со цел да ја насочи популацијата кон послабо населените региони во земјата.

Властите во Јапонија ги засилуваат стимулациите за да ги намамат луѓето во помалите регионални области со мала, главно постара популација.

Финансиската поддршка ќе им биде понудена на семејствата кои живеат во 23 централни области на Токио и соседните префектури Саитама, Чиба и Канагава.

За да ги добијат бенефициите семејствата треба да се преселат надвор од поширокото подрачје на Токио, додека некои би можеле да добијат пари ако се преселат во планинските области околу градот.