Временска прогноза
Времето денес сончево со мала до умерена облачност
04.01.2023 08:49
Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, која преку денот ќе се намали...

Наутро по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од-2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, која преку денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 8 степени.
