Партии

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ветуваа дека ќе го намалат загадувањето на воздухот, промени веднаш

04.01.2023 10:06

Загадувањето на воздухот е национален проблем, и за ефикасно намалување на загаденоста потребни се национални мерки и проекти кои значајно ќе влијаат на намалувањето на емисијата на штетни гасови, велат од партијата.

СДС дојде на власт со ветувањата за чист воздух, седум години потоа ништо не е променето. Четири години додека ја имаа локалната власт не презема ништо од заклучоците кои нивните пратеници ги усвоија, а 7 години како се на централна власт еден проект или поголема мерка од национален карактер за борба против загадувањето немаат спроведено, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Загадувањето на воздухот е национален проблем, и за ефикасно намалување на загаденоста потребни се национални мерки и проекти кои значајно ќе влијаат на намалувањето на емисијата на штетни гасови, велат од партијата.

Владата нема преземено ништо конкретно во насока на нови законски решенија и нивна имплементација. Наједноставно кажано СДС и ДУИ, кои последно се промовираа и како зелени, само декларативно на хартија носат стратегии и планови, но немаат никаква реализација- стои во соопштението.