Партии

СДСМ: Предвремени избори нема да има, на редовните Мицкоски ќе доживее нов пораз

04.01.2023 10:11

Граѓаните ќе ги препознаат искрените политики на новото раководство на СДСМ и затоа Мицкоски во 2024 година, на претседателските и на парламентарните избори, ќе ги прокнижи седмиот и осмиот пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Предвремени избори нема да има. Нема да има не затоа што СДСМ се плаши од нивниот резултат, туку затоа што имаме цели и задачи кои сме презеле обврска да ги реализираме до редовниот термин за избори, соопштуваат од владејачката партија.

Реформите на сите нивоа ќе се случат без разлика на јавните лелекања на Христијан Мицкоски со кои трага по свои сојузници во власта. Граѓаните ќе ги препознаат искрените политики на новото раководство на СДСМ и затоа Мицкоски во 2024 година, на претседателските и на парламентарните избори, ќе ги прокнижи седмиот и осмиот пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Ретроградните сили кои сонуваат за враќање во минатото и одржување на статус кво во борбата против корупцијата, со единствена цел да си го заштитат нелегално стекнатото богатство, прават есап без крчма. Напорите за достигнување на неселективна правда е поголемо и од СДСМ и од ВМРО- ДПМНЕ и од ДУИ! Тоа е национална цел број еден која ќе биде испорачана заради иднината на нашето заедничко општество- стои во соопштението.