Ракомет

Едноставно... РК Вардар vs РК Металург

30.04.2014 16:54

Дојде ред и на македонски мегдан респектабилните европски ракометни тимови Вардар и Металург, да влезт во костец за домашна ракометна територијална власт.

Психолошки сеуште притиска болната ¼ финална елиминација од елитното друштво пред пет дена, но фокусот мора да се избистри за в петок. Токму на тоа се работи во тимот на црвено-црните за што Раул Гонзалес предводникот на вардарци, додава-”Следниот натпревар ни е најважен, сега тоа ни е на прво место. Спортски гледано ние сме подготвени, но психолошки сме разнишани, сепак верувам во своите ракометари и дека ќе се вратиме во ритам. Металург е екипа за респект, имаат светски ѕвезди во составот.“

Капитенот Филип Лазаров се надоврзува велејќи-”Навистина екстра квалитетен тим, искусна екипа, со многу добар тренер. Нас оваа титула ни е најважна и овие два меча“

Покрај веќе подолго време отсутните Стоилов, Растворцев и Петриќ дополнителни повреди ја набиваат мачната атмосфера, за што говори и Лазаров-”По натпреварот со Флензбург на ситни повреди се жалат уште некои битни играчи, како Карчиќ, Козлина и Чипурин, се надевам дека до петок ќе биде се во ред со нив.“

Дуелот со измешани чувства, а со цел да може што повеќе приврзаници на обата македонски тима да дојдат и да ги видат своите идоли, Вардарци со убаво решение. Своето ”Кале“ го заменуваат во петок во 17.30 со најголемата скопска арена ”Борис Трајковски“.