Енергетска криза
Изминатото деноноќие произведени 18.491 MWh, немаше увоз на електрична енергија од странство
04.01.2023 10:22
Во Термоелектраните произведени се 10.944 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 7.547 MWh...

АД ЕСМ вчера произведе 18.491 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од владината прес- служба.
Во Термоелектраните произведени се 10.944 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 7.547 MWh.
Во изминатото деноноќие AД ЕСМ не набави електрична енергија од странство- стои во соопштението.
