Повторно откажани летови на скопскиот аеродром поради густата магла
Изутрината откажани летовите за Виена, Загреб, Истанбул. Откажани и неколку слетувања од европски дестинации. На аеродромот метеж и нервозни патници...

Густата магла повторно причина за проблеми во авиосообраќајот. Приземјени авионите кои требаше да полетаат изутринава од скопскиот аеродром. Според податоците на веб-страната на ТАВ Македонија, авионите за Виена и Загреб чие полетување беше закажано во 4 и 30 и 5 и 50, не полетаа.
Откажани и летови кои синоќа требаше да слетаат на аеродромот во Скопје. Станува збор за два лета од Загреб, и по еден од Виена и Франкфурт. Летовите од Малме и Копенхаген доцнеа два часа, а авионот од Осло е пренасочен на некој од соседните аеродроми.
Маглата и вчера правеше проблеми. Поради намалената видливост, за 12 часа биле откажани 10, а пренасочени три лета.
