Аерозагадување

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот

04.01.2023 10:39

Институтот за јавно здравје предупреди дека воздухот во неколку градови е екстремно лош и на граѓаните им препорача да не излегуваат од дома. Според ИЈЗ, воздухот е многу лош во Струмица, Битола и Кичево, а лош во Скопје, Неготино и Прилеп...

Голем дел од Македонија се гуши во високата концентрација на ПМ 10 честичките. Скопје повторно меѓу најзагадените светски метрополи.

Институтот за јавно здравје предупреди дека воздухот во неколку градови е екстремно лош и на граѓаните им препорача да не излегуваат од дома. Останете дома или намалете го физичкиот напор, особен на отворено, доколку почувствувате симптоми, како што се кашлица или болки во грлото. Возрасните и децата со проблеми со белите дробови, возрасните со срцеви проблеми и постарите лица треба да избегнуваат напорна физичка активност. Бремените жени треба да останат дома. Луѓето со астма треба почесто да го користат нивниот инхалатор. Ако треба да излезете, носете маски со докажана ефикасност, се наведува во извештајот.

Според ИЈЗ, воздухот е многу лош во Струмица, Битола и Кичево, а лош во Скопје, Неготино и Прилеп.