МВР

Претрес во тетовско, пронајдени кокаин и муниција, приведено едно лице

04.01.2023 10:45

При претрес во неговиот дом и во возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин и осум куршуми за ловечка пушка калибар 12 милиметри...

Вчера (03.01.2023) околу 12.40 часот во тетовски Требош, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 58-годишниот З.Љ. од ова село.

При претрес во неговиот дом и во возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин и осум куршуми за ловечка пушка калибар 12 милиметри.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот против него ќе следуваат поднесоци по член 215 и член 396 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.