„Монструм“: одбраната тврди дека нема докази против обвинетите

30.04.2014 17:19

Во монструм проговореа сопствениците на мерцедесот, чии регистарски таблички беа на Опелот „Омега“, со којшто било извршено петкратното убиство кај Смилковци. Одбраната гоповтори ставот немало докази дека обвинетите се извршители на убиството.

Си го препродавале, па го оставиле мерцедесот на речиси див плац на патот кон арачиново меѓу напуштените штали на зик скопско поле. Сведочејќи арслани, еден од поранешните газди на возилото рече дека го оставил со други 10 за да се продава во делови, плаќал кирија за нив на извесен хаџи неџат од арачиново, а плацот до неодамна ниту бил ограден ниту имал стражар. Одбраната во ова виде можност секој да ги украде табличките и да го изврши делото. Според адвокатот рауфи, се повеќе се потврдува дека опелот е фантомско возило за што потврдила и царинската управа. Во земјава ниту влегло ниту било регистрирано. Интерпол докажал дека е од Швајцарија.

За нас како одбрана беше битен моментот што истите беа категорични дека не познаваат никого од обвинетите што и беше очекувано од наша страна бидејќи не се сторителите“, изјави Насер Рауфи, адвокат

И роднините сметаат дека обвинетите се невини,  немаат врска со радикалниот исламизам и залудно се во притвор

„Зошто не ги пуштија, кога ромите изјавија дека не ги познаваат овие луѓе а биле круцијални сведоци дека тие ги виделе луѓето кај Смилковско езеро“, изјави Бедри Хајдари брат на обвинетиот Фејзи Азири

На денешното рочиште еден од обвинетите сејди рама побара да направи увид во листата на повици. Судењето продолжува на 9-ти мај.

Фиљана Кока