„Палма мол” – ќе отвори нови 500 работни места во Тетовско

30.04.2014 17:47

Повеќе од 500 лица ќе бидат вработени во новиот трговски центар во Тетово.

Палма мол располага со 4 нивоа и 32илјади квадратни метри современ деловен простор во кој се отворени 60-тина  продажни  објекти .Од нив, скоро 93%  се веќе издадени на познати интернационални и регионални  брендови.

 „Јас и моето семејство сакавме и се надевам успеавме да направиме нешто за овој народ и за овој крај .-рече сопственикот на „Палма мол Нехат Џеладини.

За да им се даде можност на познати глобални компании да влезат во Молот, за неколку месеци беше пролонгирано и свеченото отворање, затоа што тие носат вакви одлуки  пред почеток на нова модна сезона.

Практично, новиот трговски центар е проширување на објектот на поранешниот Сити Тетово кој работи од 2005-та, а продажниот простор е тројно зголемен.

И додека на американскиот континент големите молови се соочуваат со намален промет, во Европа и во регионот тие доживуваат вистинска експанзија. Тетовскиот мол, инвестиција вредна 20 милиони евра, освен на домашните, смета и на потрошувачите од Косово и од Албанија.

Свето Николовски