Европа

Рекордни високи температури низ Европа

04.01.2023 16:27

Високите температури рушат рекорди во многу европски држави. Во Холандија, Лихтенштајн, Литванија, Летонија, Чешка, Полска, Данска и Белорусија температурите се највисоки за зимскиот период од почетокот на водењето евиденција...

Високите температури рушат рекорди во многу европски држави. Во Холандија, Лихтенштајн, Литванија, Летонија, Чешка, Полска, Данска и Белорусија температурите се највисоки за зимскиот период од почетокот на водењето евиденција.

Велика Британија, Ирска, Франција и Шпанија ја прогласија 2022 година за најжешката година досега. Во Швајцарија беа измерени 20 целзиусови степени. Во исто време, Северна Америка се соочува со снежни бури, досега починаа повеќе од 60 луѓе.