Мјанмар

Амнестија за над 7.000 затворенции во Мјанмар

04.01.2023 16:28

Воените власти на Мјанмар амнестираат над седум илјади затвореници по повод Денот на независноста...

Воените власти на Мјанмар амнестираат над седум илјади затвореници по повод Денот на независноста.

Оваа држава од југоисточна Азија се соочи со меѓународна изолација и западни санкции откако војската ја презеде власта од нобеловката Аунг Санг Су Чи пред речиси две години. Властите ја осудија Су Чи и други официјални лица на неколку години казна затвор.

Земјата се соочи со продемократските протести, а беа протерани стотици илјади луѓе.