Израел

Урнати домови на Палестинци во Западниот брег

04.01.2023 16:29

Израелската армија урна пет домови, резервоари за вода и овоштарници во две палестински села во Западниот брег...

Израелската армија урна пет домови, резервоари за вода и овоштарници во две палестински села во Западниот брег.

Жителите се жалат дека се изложени на ризик од неизбежно протерување иако земјиштето било нивно долго пред Израел да го заземе брегот во војната на Блискиот Исток во 1967 година.

Речиси половина милион еврејски доселеници живеат во над 130 населби на Западниот брег меѓу три милиони Палестинци, кои се под израелска воена управа.