Бугарија
Пожар во патничкиот воз Варна – Софија, нема повредени
04.01.2023 17:07
Инцидентот се случил на постојката Гривица, меѓу станиците Пондим и Плевен...

Пожар избувнал во патничкиот воз Варна – Софија, потврдија од „Бугарски државни железници“ за локалните медиуми.
Инцидентот се случил на постојката Гривица, меѓу станиците Пондим и Плевен. Возачите забележале густ црн чад што излегува од локомотивата. Нема повредени, јави БТА. Инцидентот се случил денеска околу 15:40 часот по локално време.
