Партии

СДСМ: Мицкоски нема што да им понуди на граѓаните

05.01.2023 09:31

Јавните лелекања на Мицкоски, загрижен само за својата фотелја, нема да ги спречат реоформите ниту напредокот на земјата- велат од партијата...

Новата година Христијан Мицкоски ја започна исто како што ја заврши и тераше и минатата цела година. Мицкоски нема став за ниту едно важно државно или стратешко прашање, нема политичка понуда за граѓаните. Само седи на страна, уплашен за својата фотелја во Белиот дворец и лелека за избори, целосно во заложништво на Левица и во сенка на Никола Груевски, соопштуваат од СДСМ.

Јавните лелекања на Мицкоски, загрижен само за својата фотелја, нема да ги спречат реоформите ниту напредокот на земјата- велат од партијата.

СДСМ продолжува со реформскиот курс, со економски политики за раст на платите и пензиите и заштита на стандардот на граѓаните, продолжува со инвестициите и со чекорите за полноправно членство во ЕУ. Затоа Мицкоски во 2024 година го очекува 7-от и 8-от последователен пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението.