Собрание

В понеделник во Собранието координација и презентација на Шведското претседателство со ЕУ

05.01.2023 10:00

За понеделник се закажани седници на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за одбрана и безбедност, додека во вторник, на 10-ти јануари се очекува да се одржи првата пленарна седница за оваа година.

Деветти јануари е првиот работен ден за пратениците во Собранието. Започнува со редовната средба на првите луѓе на пратеничките групи со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Од оваа кординација треба да произлезат и активностите за неделата што доаѓа.

За понеделник се закажани седници на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за одбрана и безбедност, додека во вторник, на 10-ти јануари се очекува да се одржи првата пленарна седница за оваа година.

Членовите на Националниот совет за евроинтеграции ќе ја слушнат Програмата и приоритетите на Шведското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари- јуни 2023-та година.

Седницата на Комисијата за одбрана и безбедност е со една точка на дневниот ред:  Предлог – одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина (мај 2023 година до ноември 2023 година).

Првата собраниска седница за годинава е планирана за 10-ти јануари.