„Дрекселмаер“ придонесува за развој на регионот
Оваа компанија, според менаџментот е пример за почитување на производствените европски стандарди...

Кампањата „Инвестирај во Македонија“ не е само за инвеститорите интересна, таа била интересна и за Јосип Јуратович, член на комисијата за надворешни работи во германскиот Бундестаг. Вели, престојот во Македонија го искористувам за да ги видам како се реализираат германските инвеститции кои се дел од оваа кампања.
Воодушевен е од германски Дрекселмаер. Вработувањето на 4200 работници, според него е придонес за развој на регионот.
„Многу е важно за Европа и ЕУ соработката со околните земји со регионот, многу е важно за стабилизација на економските односи, важно е за развој на работни места, за перспективите исто така е многу важно за обука на стручниот персонал“, рече Јосип Јуратовиќ, член на комисијата за надворешни работи во германскиот Бундестаг.
„Сигурно ќе поддржуваме, не само ДРЕКСЕЛМАЕР туку и другите фирми како Кромберг и Шуберт во Битола и Маркарт во Велес и уште други кои планираат да инвестираат во Македонија“, рече Гудрун Штајмакер, амбасадор на Германија во Македонија.
Оваа компанија, според менаџментот е пример за почитување на производствените европски стандарди. За компанијата и понатаму да се развива, огромен е влогот во едукација на вработените.
„Дрекселмаер е многу заинтересиран за соработка со месните универзитети но Дрекселмаер гледа во иднина да го развива дуалниот систем на соработка со германските универзитети“, рече Лукас Мурингер, технички директор Дрекселмаер.
Дрекселмаер во Македонија започна со работа пред две години. Покрај отварањето на многу работни места, значајно е и тоа што оваа компанија е причина за влез во Македонија и на други странски инвеститори.
Дијана Иванова
