Во Ватикан погреб на Папата Бенедикт, ќе присуствува и делегација од МПЦ
Неколку часа пред зори илјадници луѓе се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан за да му оддадат почит на папата, чие тело e изложено во отворен ковчег во базиликата Свети Петар.

На погреб на поранешниот Папа Бенедикт Шеснаесетти денеска ќе присуствува и делегација на Македонската Православна Црква- Охридска архиепископија. Ќе ја предводи митрополитот Тетовско-гостиварски, епископот Јосиф. Повеќе христијански цркви најавија свои претставници на литургијата за почесниот папа, кој почина на 31 декември на 95-годишна возраст.
Неколку часа пред зори илјадници луѓе се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан за да му оддадат почит на папата, чие тело e изложено во отворен ковчег во базиликата Свети Петар.
Според традицијата Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во три ковчези. Во Ватикан денеска се очекуваат да дојдат сто илјади луѓе, во трите дена колку беа изложени неговите смртни останки, од поранешниот папа се простија, околку 200 илјади верници.
