сад
Силно невреме ја зафати Калифорнија
05.01.2023 11:01
Десетици илјади домаќинства останаа без струја, патиштата се затворени, и откажани се повеќе летови...

Силно невреме донесе обилни дождови и силни ветрови во американската сојузна држава Калифорнија. Десетици илјади домаќинства останаа без струја, патиштата се затворени, и откажани се повеќе летови.
Најпогодени се областите околу Сан Франциско и Сакраменто. Властите предупредија на ризик од поплави и лизгање земјиште.
